ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ПРИ СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

ЗА ГРАДЕЊЕ НА АНОНИМНА БАЗА НА ПОДАТОЦИ

ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈОТ НА АВТОМАТИЗИРАНО ВОЗЕЊЕ

Во оваа политика на приватност ве известуваме за собирањето, обработката и користењето на вашите лични податоци од страна на СЕАТ, С.А. (понатаму во текстот „СЕАТ“) во врска со активирање на преносот на податоци за градење на анонимна база на податоци за истражување и развој на автоматизираното возење.

Кој е контролор на вашите лични податоци?

Идентитет на контролорот на податоциСЕАТ, С.А. со Даночен број на идентификација А-28 049 161
Адреса:Autovía A-2, Km. 585, Martorell (Barcelona)
е-пошта:customercare@seat.es
Контакти на службеникот за заштита на податоциdataprotection@seat.es

Како ние ги користиме вашите лични податоци?

Функцијата за префрлање се користи за собирање на мерните податоци кои ги евидентираат сензорите на некое возило. Мерните податоци веднаш се испраќаат до серверот за податоци во анонимна форма, и СЕАТ и неговите партнери ги користат за истражување и развој на автоматизираното возење.

Преносот на податоци не се активира директно од местото на потекло на податоците, туку започнува само откако ќе се логира некој активен примарен корисник на СЕАТ КОНЕКТ/ CUPRA КОНЕКТ. Префрлањето на податоци може директно да се активира или деактивира со користење на лизгачот „Развивање на автоматизирано возење“ во нагодувања за приватност. Префрлањето е активно само на нивоата „Користи локација“ и „Сподели локација“.

Мерните податоци се составени од две групи на податоци:

а) Податоци кои се релевантни за реконструирање на факторите кои влијаат врз возилото:

б) Податоци важни за утврдување како возачот претпочита да го контролира возилото:

Се собираат само податоците кои се потребни за истражување и развој на функциите за делумно и целосно автоматизирано возење. Анонимните мерни податоци исто така се доставуваат до партнери на Фолксваген врз основа на договорни принципи кои вклучуваат гаранции за соодветна заштита на податоците. Овие партнери исто така треба да ги користат податоците во нивна анонимна форма, со цел на истражување и развој на автоматизираното возење.

Врз основа на овие податоци се креира симулирана средина која овозможува тестирање на идните функции на автоматизирано возење во реални услови, и можат истите во нивната крајна форма да се споредат со реалното претпочитано однесување на возачот. Со оглед на фактот дека се потребни неколку милијарди пробни километри за да се донесат сигурни заклучоци за автоматизираното возење, оваа база на податоци треба да се полни со реални податоци. Ова е единствен начин да може да се евидентираат сите варијации на сообраќајни ситуации доволно добро, за да се утврди со сигурност дека сите функции на автоматизираното возење се доволно безбедни за секогаш да може да се донесат правилни одлуки, како и за да се заштити безбедноста и сигурноста на лицата во возилото.

Податоците пратени до серверот за податоци, откако ќе се соберат, се контролираат од аспект на квалитет, а потоа веднаш се врши нивно анонимизирање во серверот за податоци. Постапката за анонимизирање на податоците се ревидира во однос на нејзината ефикасност и ефективност, и постојано се надградува, земајќи ги предвид најновите научни достигнувања.

Која е законски дозволената основа за обработка на вашите лични податоци?

Законската основа за собирање на податоци со цел извлекување на податоци за возилото е земање предвид на интересите (Член 6, став 1, писмо од Регулативата за заштита на лични податоци).

Горенаведените цели за истражување, развој и заштита на функциите за автоматизирано возење може да се постигнат само со помош на една значителна база на податоци од најголемиот можен број на варијации во сообраќајните сценарија засновани врз стварни возења. Класичното тестирање на издржливост веќе не е доволно во овој случај. Податоците мора да содржат што е можно повеќе возачки сценарија, чии што ситуации во однос на средината и сообраќајот може да се евидентираат само во алгоритми за стварен (реален) патен сообраќај. Купување на голем број податоци исто така не е доволно во овој случај, бидејќи податоците не се достапни во бараниот квалитет и стануваат застарени дури и за еден многу кус временски период. Врз основа на ова, СЕАТ има легитимен интерес да обработува податоци и да креира анонимна база на податоци.

На кои други приматели ќе им се разоткријат податоците?

СЕАТ не ги разоткрива вашите лични податоци, освен ако тоа не е согласно некои законски обврски.

Од друга страна, пак, СЕАТ ќе дозволи пристап до податоците на трети лица кои се во својство на обработувачи на податоци, со цел анонимизирање на податоците, и кои ќе делуваат исклучиво во наше име и согласно нашите упатства. Фолксваген АГ е наш давател на услуги за анонимизирање на податоци, кој пак ангажира други даватели на услуги како што се АУДИ АГ и CARIAD SE да ја извршат оваа услуга за анонимизација, при што сите тие дејствуваат како под-обработувачи. Податоците се шифрираат согласно договорите склучени со Фолксваген и обработуваат исклучиво на сервери за податоци во ЕУ. Некои од овие даватели на услуги може да бидат лоцирани во Соединетите Американски Држави, и затоа не може да се исклучи пристап до податоците од Соединетите Американски Држави. Соодветен договор за заштита на податоците според стандардите на ЕУ (адекватна гаранција за обработка на податоците во неевропски земји) е склучен, со цел обезбедување на доволна заштита на вашите лични податоци. Вие имате право да бидете известени за договорот за стандардна заштита на податоците при нивното разоткривање.

Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?

Податоците се чуваат таму најмногу 24 часа за целите на нивно анонимизирање и обезбедување квалитет. Затоа оригиналните податоци потоа целосно се бришат од возилото.

Кои се вашите права како индивидуално засегнат?

ПравоСодржинаКанали за помош
ПристапМожете да добиете од СЕАТ информации поврзани со обработката на вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци кои се внесени во фајловите на СЕАТ.Можете да ги примените овие права со праќање на е-пошта до customercare@seat.es или со писмено барање пратено до СЕАТ на адреса SEAT, S.A – Autovía A-2.Km.585, Martorell, Barcelona (Spain). За да го примените вашето право, мора да наведете кое право барате да биде спроведено.
КоригирањеМожете да побарате коригирање на вашите лични податоци, доколку тие се неточни или нецелосни.
БришењеМожете да побарате бришење на вашите лични податоци кога, меѓу другото, личните податоци не се веќе неопходни за целите за кои истите биле собирани.
ПриговорМожете да побарате да се прекине со обработка на вашите лични податоци. СЕАТ ќе престане со обработка на вашите податоци, освен ако не се работи за принудување на легитимни групации, или за примена или одбрана на правно основани побарувања.
Ограничу- вање на обработ- катаВие можете да побарате ограничување на обработката на личните податоци во следниве случаи: - Додека се врши проверка на приговорот за точност на вашите лични податоци; - Кога обработката на податоци е незаконска, субјектот на податоците се спротивставува на бришење на личните податоци и бара наместо тоа ограничена употреба на истите; - Кога СЕАТ нема повеќе потреба од личните податоци за целите на нивната обработка, но истите ги бара обработувачот на податоци за примена на законски основани побарувања; - Кога вие сте се спротивставиле на обработката на вашите лични податоци за работа која се врши во јавен интерес или за задоволување на некој легитимен интерес, додека истата/истиот се во процес на верификација, доколку легитимните причини на СЕАТ за обработка на податоците преовладуваат во однос на вашите причини.
Пренос- ливостВие можете да ги добиете, во електронска форма, вашите лични податоци кои вие сте ни ги дале, личните податоци добиени од вашиот договорен однос со СЕАТ, како и да ги префрлите до некој друг ентитет.

Доколку сметате дека СЕАТ ги нема обработено вашите податоци согласно применливите прописи, можете да поднесете приговор до надлежниот орган за контрола на веб страницата www.agpd.es

Примената на овие права е бесплатна.