Информации за обработка на личните податоци

Со помош на овој документ, ние, како контролор на личните податоци - компанијата ŠKODA AUTOa.s., ул. Ваклава Клемента 869, Млада Болеслав II, 293 10, Млада Болеслав, ЕДБ: 00177041, регистрирана во трговскиот регистар што се води од страна на Општинскиот суд во Прага во Дел Б, број на досие 332 (во понатамошниот текст како „ŠKODA AUTO") - обезбедуваме информации за обработката на личните податоци и Вашите права поврзани со истото.

Обработката на личните податоци се врши како дел од следната активност:

Обезбедување на ŠKODA услуги за дигитална поврзаност

Целта на обработка:

Обезбедување на ŠKODA услуги за дигитална поврзаност.

Опис на целта на обработката:

Во случај на обезбедување на ŠKODA услуги за дигитална поврзаност („Услуги"), ќе ги користиме Вашите лични податоци зачувани во системот на ŠKODA ID за целите за Вашата регистрација во ŠKODA околината на услуги, активирање и користење на услугите нарачани преку достапната околина (на пример, мобилна апликација, веб портал). Опсегот на обезбедените Услуги и достапните околини кои можете да ги користите зависи од видот на возилото, договорената опрема во возилото, infotainment системот и за која земја станува збор.

Обработката на Вашите лични податоци може да ги вклучува, на пример, користењето на VIN бројот на Вашето возило и податоците добиени преку GPS, како што е моменталната локација на возилото, и неговиот потенцијален трансфер на давателот на услугата. Со цел да Ви овозможиме да ги користите услугите, ќе ги користиме Вашите лични податоци за креирање на корисничка сметка. Покрај тоа, можеби ќе побараме дополнителни лични податоци кои се поврзани со релевантни договорни Услуги и достапната околина која ја нарачавте.

Подолу можете да најдете детално објаснување за обработката на податоци во врска со индивидуалните услуги.

I. Smartlink

Smartlink Ви овозможува да пристапите до широк спектар на услуги или карактеристики кои се опишани подолу. Можете лесно може да го потврдите статусот на возилото и да добиете ажурирани информации, вклучувајќи ги и моменталните податоците за возењето, вклучувајќи и статистика (и во минатото и во реално време), патен запис или планирање на патувањето. Со цел да ја користите услугата мора да бидат опремени со Smarlink или Smarlink + системот. За повеќе информации, Ве молиме погледнете го упатството за користење или обратете се кај Вашиот ŠKODA партнер.

Статус на возилото (Vehicle Status )

Со користење на услугата „Статус на возилото" , можете да ја проверите состојбата на Вашето возило во однос на километражата, количината на гориво и интервалот на одржување. Услугата овозможува само читање и прикажување на тековните информации за состојбата на возилото.

Извештај за состојбата на возилото (Vehicle Health Report)

„Извештајот за состојбата на возилото" Ве информира за моменталната состојба на возилото. Можете да ги визуелизирате тековните предупредувачки сигнали за возилото и/или какви било потреби за услугата и да ги администрирате (на пример, со печатење или архивирање). Откако Вашиот мобилен уред е поврзан со возилото, тој пренесува податоци за тековната состојба и ги прикажува.

Патна статистика &патен регистар (доколку се достапни) (Trip Statistics & Logbook)_

Услугата „Патна статистика & _патен регистар" _ќе Ви овозможи да ги следите сите Ваши патувања, со едноставно префрлување помеѓу деловните и приватните патувања вклучувајќи ги сите достапни податоци и информации за рутата. Патниот регистар може да се експортира.

Сервисен партнер

Преку „Сервисен партнер" можете да најдете и да го изберете претпочитаниот ŠKODA сервисен партнер на полесен начин.

Правна основа за обработката:

Треба да ја спроведеме обработката за да можеме да склучиме договор за давање на ŠKODA услуги за дигитална поврзаност со Вас, или да го извршиме договорот кој сте го склучиле. Обезбедувањето на Вашите лични податоци е договорно барање и доколку не ги обезбедите може да не можеме да склучиме договор со Вас, или може да не е возможно да го извршиме договорот кој веќе е склучен. Без обработката на Вашите лични податоци, како што е опишано погоре, нема да можеме да Ви ги обезбедиме Услугите.

Категории на лични податоци кои ги обработуваме:

Податоци за идентификација, податоци за контакт, податоци за локализација, историја на тргување, технички информации за производот.

Обработка и период на архивирање:

6 месеци по откажувањето на корисничката сметка.

Категории на податочни обработувачи или приматели на кои може да ги обезбедиме личните податоци:

Компаниите од Volkswagen Групацијата, даватели на услуги, дистрибутивна мрежа (на пр.: увозници, дилери, сервисни партнери).

На барање, Вашите лични податоци може да се обезбедат на државните органи, особено на судовите, полицијата или други агенции за спроведување на законот до неопходниот степен и во границите на законот.

Извор на личните податоци:

Директно од Вас и од возилото, преку кое ги користите Услугите и кое оттаму комуницира со податочните сервери на ŠKODA AUTO.

Преноси на лични податоци во трети земји или наднационални организации:

Како дел од горенаведената обработка, Вашите лични податоци нема да се пренесат на трета земја.

Автоматизирано донесување одлуки врз основа на личните податоци:

За време на оваа обработка на лични податоци, не доаѓа до автоматизирано донесување одлуки врз основа на личните податоци.

Други информации

Личните податоци може да се архивираат за интерес на јавноста и да се користат за намените на научно, историско или статистичко истражување. Во добро-основани случаи, личните податоци може да подлежат и на обработка за намените на решавање правни прашања, вклучително извршувањето обврски кон органите на јавната администрација и следење и тековна оцена на правните ризици.

Кои се Вашите права?

Како дел од обработката на лични податоци, ги имате следните права:

Како можете да ги остварите Вашите права?

За прашања поврзани со заштитата и обработката на лични податоци, користете ги следните комуникациски канали:

Електронски на:

http://www.skoda-auto.com/data-privacy/

По пошта:

ŠKODA AUTO a.s.

tř. Václava Klementa 869,

Mladá Boleslav II,

293 01 Mladá Boleslav

Во врска со остварувањето на Вашите права, ŠKODA AUTO може да наплати разумен надоместок земајќи ги предвид административните трошоци за обработка кога барањата од податочните субјекти се јасно неосновани или прекумерни.

Службеник за заштита на податоци (DPO)

За прашања во врска со заштитата на лични податоци, можете да контактирате директно со Службеникот за заштита на податоци (DPO) на ŠKODA AUTO.

http://www.skoda-auto.com/data-privacy/

dpo@skoda-auto.cz

Поднесување приговор

Доколку не се согласувате со начинот на кој ŠKODA AUTO ги обработува или работи со Вашите лични податоци, можете да поднесете приговор кај Службеникот за заштита на податоци (DPO) на ŠKODA AUTO или надзорен орган.

Канцеларија за заштита на лични податоци

Pplk. Sochora 27

170 00 Praha 7

+420 234 665 111

http://www.uoou.cz/en/